Видео: Судирот што го чинеше Иџе титула (видео)

Игор Стефановски Иџе не успеа да ја круниса својата извонредна сезона во ЕТЦЦ шампионатот и со титула во генералниот пласман.

Клучен момент беше седмиот круг од денешната прва трка во Чешка, кога Стефановски најпрвин одлично го мина Наѓ, но потоа при вториот свиок налета на задницата на Петр Фулин. Иако од свиокот излезе пред големиот ривал, Стефановски доби казна за овој маневар, па на крајот трката ја заврши на осмата позиција, со што беше ставен крај на неговиот сон за титулата.

Погледнете го судирот на Стефановски во Фулин во скратеното видео од трката во Чешка (временски исечок 0:35).

Се вчитува...