ВИДЕО: „Супер Дуле“ ја затресе Шкендија, Работнички води на полувреме…

Работнички води со 1-0 на полувремето против Шкендија во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига на „Телеком арената“ во Скопје, во натпревар во кој можеше да биде сосема поразлично по првите 45 минути.

Шкендија имаше повеќе од играта и шансите, посебно во првите 20 минути, но откако Бесарт Ибраими во 21. минута не реализираше и удар од белата точка за тетовци следеше казната на спротивната страна… Капитенот на Работнички, Душан Трајчевски погоди во 24. минута за водство на тимот од Дебар маало… Сето тоа „Супер Дуле“ знаеше да го прослави на специфичен начин…

Се вчитува...