ВИДЕО: Супер-гол на Елмас…, негов прв во дресот на Фенербахче!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас минува низ извонреден подготвителен период во дресот на Фенербахче. Елмас се препороди по доаѓањето на Филип Коку на клупата на турскиот клуб, стигнувајќи и до својот прв гол во дресот на Фенер.

На пријателскиот натпревар на Фенербахче против холандски Феенорд, Елмас на извонреден начин мајсторски дочекувајќи одбиена топка пред голот на противникот шутираше од околу 20 метри за водство од 1-0 во 7. минута…

Веќе до 20. минута Фенербахче има и предност од 3-0, со головите на Џулиано и Валбуена.

Се вчитува...