ВИДЕО: „Супер Марио“ – Од клупата, па со два супер гола го реши струмичкото дерби!

Младиот Марио Крстовски е херојот на Академија Пандев кој засекогаш ќе остане запаметен како играчот број еден на првото струмичко прволигашко дерби во историјата!

Академија Пандев славеше со 0-2 против Беласица во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига благодарение токму на својот „Супер Марио“… Влезе во игра во 71. минута на местото на Миловановиќ и се покажа како топ погодок на Југослав Тренчовски.

По само четири минути постигна супер гол со шут од 20 метри за водство од 0-1, а во 85. минута на мајсторски начин, вистински голгетерски, круниса контра напад за триумф од 0-2 на Академија Пандев…

Се вчитува...