ВИДЕО: Тиквеш израмнува од пенал против Вардар по ВАР-интервенција!

Вардар и Тиквеш играат без предност (1-1) по првото полувреме на арената „Тодор Проески“ во Скопје во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тиквеш успеа да израмни во 45. минута со гол од пенал на Ивановски, а по ВАР-интервенција.

Главниот судија Доне Ристовски, по прегледување на снимката по интервенција на ВАР-собата, увиде дека Најдовски во шеснаесетникот играл со рака по шутот на Стојковски, откако топката одеше кон голот на црвено-црните, па Ивановски беше сигурен реализатор на ударот од белата точка.

Претходно, „вардарци“ поведоа уште во 19. минута со убавиот погодок со шут од 18 метри на Чимбембе.

Во Битола, пак, Пелистер има предност од 1-0 против АП Брера на полувремето со голот на Керим во 24. минута, а по одличното нафрлување на Булатовиќ од левата страна.

Се вчитува...