ВИДЕО: Тимов утна пенал… Силекс не го казни очајниот Вардар!

Вардар игра уште едно очајно полувреме по серијата лоши изданија во домашниот шампионат, овој пат во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига на гостувањето против Силекс во Кратово.

По првите 45 минути во Кратово игра без голови. Но, Силекс пропушти можности веќе да има водство откако во 26. минута, Филип Тимов од 11 метри ја погоди само гредата од голот на Гачевски.

Фудбалерите на Силекс беа далеку подобар противник на мечот против Вардар, кој не создаде ниту една шанса. Тимов имаше одлична можност уште во 8. минута да донесе водство, но од 100% шанса го погоди дирекот.

Се вчитува...