ВИДЕО: Тоа само Штербик го може – брани и асистира во исто време!

Без сомнение, Арпад Штербик е еден од најзаслужните за пласманот на Вардар во финалето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн.

Вчерашното ново феноменално издание на Штербик во полуфиналето против Барселона е само продолжување на одличната сезона која зад себе ја има голманот на „црвено-црните“. Од серијата одбрани на вчерашниот дуел со шпанскиот тим, неизбежно се издвојува онаа во второто полувреме, кога Штербик притоа успеа и веднаш да асистира за погодок на Душебаев… Вреди да се погледне!

Се вчитува...