Видео Тракаи – Шкендија: Безброј шанси, три гола и два црвени картони

Тракаи и Шкендија одиграа фантастичен натпревар во кој литванскиот тим славеше со 2-1, но публиката можеше да проследи одличен офанзивен фудбал и од двете страни.

Тетовци примија почетнички гол веќе во првата минута, но потоа набрзина се консолидираа. „Црвено-црните“ создадоа бројни шанси, ја погодија и гредата, пред Жуниор да донесе заслужено израмнување.

Штета е што мечот го завршија со само девет играчи, и додека стартот на Жуниор беше груб, се чини дека вториот црвен картон на Цуцули беше престрого досуден.

Севкупно гледано, тетовци увидоа дека против себе имаат ривал кого дефинитивно можат да го совладаат во Струмица и да се пласираат во следната рунда. Секако, за тоа да се случи ќе мора да имаат подобра ефикасност при реализацијата на шансите отколку на денешниот дуел во Литванија.

Се вчитува...