ВИДЕО: Три „бомби“ и една „еден-два“ акција… супер дерби во Тетово!

Убав прв натпревар во новата сезона одиграа Шкендија и Вардар во Тетово на крајот ремизирајќи. Три „бомби“ и една „еден-два“ акција одлучија за конечни 2-2.

„Вардарци“ поведоа со одличниот шут од далечина на Барсегјан уште во 5. минута…

Следните три гола беа во второто полувреме. Бесарт Ибраими погоди директно од слободен удар во 54. минута, а Бесмир Бојку во 73. минута донесе пресврт од 1-2. На крајот Горан Попов со уште една „бомба“ од 25 метри ги постави конечните 2-2.

Се вчитува...