Фудбалерите на Академија Пандев дојдоа до заслужена победа од 3-2 против Пелистер во 12. коло од ПМФЛ кој се играше на стадионот на спортскиот центар „Горан Пандев“.
Во меч во кој беа досудени три пенали, два за гостите од Битола кои ги реализираше Валентин Кочоски за 1-1 и 2-2, на крајот „пандевци“ триумфираа по голот на Марјан Радески во 87. минута од оправдано досудениот пенал откако во гостинскиот шеснаесетник беше соборен Марио Крстовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА