Видео: Тројката на Дончиќ што ја расплака Црвена звезда

Црвена звезда одлично му парираше на големиот Реал Мадрид се до последните секунди од мечот во Белград… а потоа работите во свои раце ги зеде Лука Дончиќ. Словенечкото чудо од дете ја презеде одговорноста во последниот напад, го легна на земја својот ривал, а потоа погоди тројка со која во дел од секундата ги замолкна илјадниците свирежи во арената во Белград.

Најдобар кога е најважно, Дончиќ уште еднаш покажа зошто е главен фаворит за прв пик на НБА-драфтот летово.

Се вчитува...