ВИДЕО: Тројката на Мекиќ од повеќе од половина терен која ја остави Македонија во живот против Данците!

Македонската кошаркарска јавност се уште е под впечатоците на синоќешната драматична победа над Данска во претквалификациите за Евробаскетот 2025.

Македонија славеше по продолжение со 74-71 во преполаната сала во Гевгелија со силна поддршка од трибините, благодарение и на одличното издание на новиот натурализиран Македонец Ти-Џеј Шортс кој мечот го заврши со 33 поени, шест асистенции, пет украдени топки и три скока веќе освојувајќи ги срцата на македонската публика.

Но, мечот остана забележан и по извонредната тројка од половина терен на Мекиќ во последната секунда од третата четвртина. Токму таа тројка, по водството на Данците од девет поени, де факто ја остави Македонија во живот за последниот период од играта… Поени на Мекиќ кои вреди да се одбележат…

Се вчитува...