Воден од еден сосема нов лик, МЗТ Скопје стигна до голема победа против белградски Партизан на стартот од новата сезона во АБА лигата.
Во интересен натпревар во „Јане Сандански“ кој го одбележаа бројни резултатски пресврти, сепак двоецот кој ја донесе победата на „металците“ беше Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски… Откако белграѓани водеа низ целата трета и почетокот на последната четвртина, пресвртот следеше кон средината од последниот период кога шутерски блеснаа Трајковски и Стојановски.
Пресвртот го донесе Бојан Трајковски, кој откако делеше блокади под својот кош, потоа погоди за три поени за водство од 73:70…
Во продолжението следеа нова тројка на Стојановски и веднаш потоа повторно Трајковски по што веќе се навести триумфот на МЗТ Скопје…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА