ВИДЕО: Циципас во бизарна ситуација – „Госпоѓа“ од трибините во Синсинати имитираше пчела па го деконцентрираше

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се најде во прилично бизарна ситуација за време на мечот со Бен Шелтон на АТП турнирот во Синсинати.

Циципас во неколку наврати за време на своите сервиси чувствуваше како да има пчели околу своето тело. Но, потоа сфати дека всушност има досега невидено однесување на личност од публиката од каде што некој имитираше звук на пчела. Гркот, по разговорот со судијата, сам одлучи да открие кој го прави тоа од трибините.

Брзо откри дека тоа е повозрасна жена која седеше во првите редови, која се однесуваше како да не знае што се случува, но коректни лица од нејзината околина открија дека е таа.

„Зад мене има личност која имитира пчела. Зуе констатно пред да сервирам. Ова првпат го доживувам во мојата кариера. Мислите дека тоа е во ред? Тоа е една госпоѓа. Срамота“ – се обрати Циципас до судијата.

На крај, госпоѓата не беше избркана од трибините, му се извини на Циципас кој успеа да победи на мечот.

Се вчитува...