ВИДЕО: Ваков дриблинг и гол се гледаат еднаш на 100 години

Во 31. коло од холандската лига, Ајакс забележа сигурна победа на гостински терен кај Бреда, но натпреварот беше обележан со генијален момент од млад играч.

Иако резултатот беше важен за битката на табелата, сите очи на крајот беа насочени кон потегот на крилниот напаѓач Мика Ходтс.

Вистинската магија се случи кога Ходтс ја прими топката речиси на средината од теренот.

Без двоумење, тргна во неверојатен соло трк, оставајќи ги противничките играчи зад себе како да ги нема.

Неговиот дриблинг беше комбинација од брзина, рамнотежа и целосна контрола, што предизвика неверица на трибините.

Кога дојде до крајот на нападот, се чинеше дека акцијата ќе биде заокружена со асистенција, но тој одлучи поинаку. Следеше прецизен и моќен удар кој заврши во мрежата, со што се комплетираше еден од најспектакуларните голови во сезоната.

Се вчитува...