Ракометарите на Вардар ќе имаат можност да ја браната европската шампионска титула откако и втора година по ред обезбедија место на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн.
„Црвено-црните“ загубија со 27-28 од Кил на реваншот во „Јане Сандански“ но поради гол повеќе на гости обезбедија место меѓу најдобрите во Европа.
Тимот на Раул Гонзалез сервираше нова драма за повеќе од 6.000 навивачи во нашата најголема сала, но иако со пораз, сепак со среќен крај… На крај, и ќе го паметиме оној погодок на Македа во Кил кој донесе триумф од 28-29 на гостински терен и пат за Келн!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА