ВИДЕО: Вардар го победи Домжале, Ибраими стрелаше за Словенците

Вардар славеше и на вториот контролен натпревар за време на подготовките во Словенија. По триумфот против ФК Шампион од Целје (3-1), „црвено-црните“ денеска славеа и против словенечкиот прволигаш Домжале со 2-1.

Словенците први дојдоа до водство во 19. минута и тоа со погодокот на македонскиот интернационалец во редовите на Домжале, Агим Ибраими.

Но, потоа следи пресврт на Вардар. Најпрво Бесар Исени во 28. минута го израмни резултатот по нафрлањето од Мицевски, а потоа Вања Марковиќ во 75. минута прецизно стрелаше од дистанца за триумф од 2-1…

Се вчитува...