ВИДЕО: Вардар и Пелистер експресно поведуваат против Тиквеш и АП Брера!

Вардар и Пелистер експресно уште во раната фаза од натпреварите поведуваат во двата денешни натпревари од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Вардар ја оправдува фавориткста улога на денешниот дуел против Тиквеш на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Уште во 19. минута црвено-црните поведоа со убавиот погодок со шут од 18 метри на Чимбембе.

Во Битола, пак, Пелистер дојде до предност против АП Брера со голот на Керим во 24. минута, а по одличното нафрлување на Булатовиќ од левата страна.

Се вчитува...