ВИДЕО: Вардар на „седмо небо“ – Како Топал си се закопа!

Македонскиот шампион запиша огромна победа од 2-0 против Фенербахче во првиот натпревар од плеј-оф квалификацискиот коло за Лигата на Европа, па со огромна надеж ќе го очекува реваншот за седум дена во Истанбул во надежта да се запише историја!

Вардар дојде до предност со голот на Барсегјан уште во 20. минута од средбата, откако мајсторски си поигра со Шкртел и голманот Камени…

За да конечно Турците сами си се „закопаат“ во 91. минута кога Топал постигна смешен автогол за победа од 2-0 на „вардарци“…

Се вчитува...