ВИДЕО: Вардар немилосрден – му даде шест гола на Шкупи и го задржа првото место

Вардар очекувано, и сосема заслужено го совлада тимот на Шкупи со 6-1 во меч од 15. коло кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“. „Црвено-црните“ имаа мака само додека го „отворат“ противникот, а потоа кога тоа им успеа, на крајот дојдоа до убедлив триумф, а доколку на голот на чаирчани не беше Гроте, тогаш сигурно дека победата на Вардарци ќе беше поубедлива. Се истакна капитенот Азер Омерагиќ, кој постигна три гола, сите три во вториот дел.

Голманот на Шкупи, Гроте ги одбрани ударите на Босанчиќ, Закариќ, Сенгор и Јанкулов, а потоа во 36. минута Закариќ шутираше од 20 метри, топката зафати еден од одбраната на гостите, и заврши во мрежата на Шкупи.

Веќе во следната минута Маневски испраќа центаршут до Закариќ, кој го совлада Гроте за 2-0, предност која беше актуелна на полувремето.

Веднаш на самиот старт од вториот дел, гол на Талевски кој откако доби топка од Јанкулов, рутинирано стрелаше во голот на Гроте. Во 57. минута Омерагиќ по една одбиена топка го постигна својот прв гол на овој меч.

Шкупи успеа да намали благодарение на  големата грешка на голманот Талески, кој исплива во празно, па Станковски стрелаше во празната мрежа.

Омерагиќ вториот гол го постигна во 79. минута кој откако доби топка од десната страна, од прва го совлада Гроте за да ја врати предноста на +4.

И тоа не беше се. Азер Омерагиќ го комплетираше својот „хет-трик“ во 84. минута откако откосо од денсо успеа да го зголеми резултатот на 6-1.

Се вчитува...