ВИДЕО: Вардар поразен од руски Оренбург

Вардар загуби во четвртиот пријателски натпревар за време на подготовките во Словенија од рускиот Оренбург со 0-1.

Во главно израмнет натпревар, Русите до триумфот дојдоа со голот во 88. минута од средбата со голот на Вацадзе.

Претходно, „вардарци“ славеа против ФК Шампион од Целје и Домжале, а ремизираа со Марибор (3-3). Утре „црвено-црните“ ја играат петтата контрола во Словенија, а противник ќе биде Балзан од Малта.

Се вчитува...