ВИДЕО: Вардар прими четири гола и загуби од Балзан од Малта

Вардар доживеа срамен пораз во петтиот натпревар на подготовките во Словенија, од Балзан од Малта со 2-4 (0-3). Без разлика на комбинираниот стартен состав со кој настапи Бабунски, жалосно издание на „вардарци“ кои си дозоволија четири гола во сопствената мрежа од „аматерите“ од Малта.

Изненадувачки Вардар прими три гола од Малтежаните за само седум минути во финишот на првото полувреме. Најпрво во 37. минута, новото засилување на „вардарци“, голманот Кировски дозволи гол со удар од 30 метри, а потоа Балзан реализираше и по брзи контранапади во 40. и во 45. минута.

Во второто полувреме, ниту бројните измени на Бобан Бабунски, внесувајќи ги во игра и поискусните првотимци од минатата сезона не донесе резултат. Барсегјан израмни во 53. минута, но веднаш потоа Балзан зголеми повторно на 1-4, а конечните 2-4 ги постави Максим Максимов во 73. минута со гол од пенал.

Се вчитува...