ВИДЕО: Вардар со гол од сомнителен пенал до триумф во Струмица

Можеби изненадувачки за поголемиот дел од домашните љубители на фудбалот, Вардар стигна до триумф од 0-1 на гостувањето против Академија Пандев во Струмица во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Вардарци“ до победата дојдоа со голот од пенал во 78. минута на Дејан Блажевски, откако претходно судијата Смоквоски досуди сомнителен удар од белата точка по контактот на домашниот дефанзивец Димов со Цветаноски. Фудбалерите на Академија Пандев реагираа, но сето тоа залудно. На крајот Блажевски беше прецизен за победа од 0-1.

Се вчитува...