ВИДЕО: Вардар убедлив со Заглебје – Триумф од 3-0!

Вардар ја запиша најубедливата победа во досегашниот тек од зимските подготовки, славејќи убедливо со 3-0 (1-0) против полскиот прволигаш Заглебје Лублин.

Победата на „црвено-црните“ ја најави Дејан Блажевски со прекрасниот погодок од слободен удар во 40. минута…

Во вториот дел, убав погодок во 48. минута постигна и Хуан Фелипе а конечните 3-0 ги постави Ерменецот Барсегјан во 58. минута од средбата…

Вардар мечот го почна со Филип Гачевски на голот, па во одбраната Дарко Глишиќ, Бобан Грнчаров, Евгениј Новак и Владица Брдаровски, во средниот ред Вања Марковиќ и Никола Глигоров како последни играчи за врска, и за прв пат во составот на Вардар на овие подготовки Хуан Фелипе. Во нападот Дејан Блажевски и Јован Попзлатанов на крилните позиции, како поддршка на напаѓачот Тигран Барсегјан.

На клупата за резерви беа: Филип Илиќ, Игор Алексовски, Горан Попов, Ацо Стојков, Максим Максимов, Матеј Цветаноски, Бесар Исени, Бојан Колевски, Филип Стојчевски, Кристијан Тошевски, Тодор Тодороски, Јакуп Бериша, Никола Серафимов, Филип Антовски, Фитор Реџепи.

Се вчитува...