ВИДЕО: Вардар загуби од казахстански Иртиш на првиот тест во Аланија

Вардар загуби со 1-2 од казахстанскиот Иртиш Павлодар во првиот пријателски натпревари за време на своите подготовки во Аланија, Турција.

Трите погодоци на мечот беа постигнати во второто полувреме. Казахстaнците поведоа во 50. минута , Брдаровски израмни на 1-1 во 64. минута од пенал но Иртиш Павлодар постигна уште еден гол во 77. минута, за конечна победа од 1-2.

Следниот пријателски натпревар на „вардарци“ во Аланија е на 22. јануари против азербејџанскиот Сумгаит.

Се вчитува...