ВИДЕО: „Вардарци“ со два гола против Шкендија го дополнуваат шампионското славје

Вардар има водство од 2-0 против Шкендија по првото полувреме во дербито на последното коло од годинашниов шампионат во Првата македонска фудбалска лига, кое претставува единствено прослава на шампионската титула на „вардарци“ со оглед на тоа што од минатото коло веќе е се познато во првенството.

„Вардарци“ со два гола само се надополнија во првите 45 минути на шампионското славје на „Комитите“ на трибините на Западната трибина.

А, Вардар поведе со смешен автогол на Шкендија во 21. минута од средбата.

Недоразбирање меѓу дефанзивецот Ајетовиќ и голманот на Шкендија што резултираше со водство на Вардар.

Во 36. минута одлична акција на домашните која на мајсторски начин со ефектен гол ја круниса Закариќ за водство од 2-0 на полувремето.

Се вчитува...