ВИДЕО: Велкоски – мајсторски, творец на победата на Работнички

Работнички продолжува со одличните игри во пролетниот дел од сезоната, запишувајќи ја и третата победа. Во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига пред „романтичарите“ паднаа и „пандевци“. Минимална победа од 1-0 за Работнички, но повеќе од доволна во битката за опстанок.

А, стрелец на единствениот гол стоперот Виктор Велкоски кој мајсторски го искористи центаршутот на Херера од слободен удар…

Се вчитува...