ВИДЕО: Влатко Стојановски со два гола ги запре „пандевци“!

Ренова по пет едноподруго натпревари без триумф конечно дојде до победа во македонскиот шампионат, славејќи во Турново против Академија Пандев со 0-2.

А, „пандевци“, пак, по три едноподруго победи конечно запрени и тоа неочекувано пред своите навивачи од Ренова. Стрелец на двата гола за „гипсарите“ беше Влатко Стојановски. Најпрво извонредно погоди во 14. минута со мајсторски шут од 18. метри…

А, потоа стрелаше и во 70. минута по брз контранапад на својот тим…

Се вчитува...