ВИДЕО: За Јокиќ семејството е се во животот – групна прегратка која ги воодушевува Американците

Никола Јокиќ, покрај неговите извонредни перформанси на терен, често пати е издвојуван од американските медиуми и поради неговото однесување надвор од терените.

Секогаш скромен, личност која ниту најмалку не оддава впечаток на ѕвезда, личност која максимално е посветена на семејството. Не ретко знае да кажа дека за него „семејството е буквално се, и ништо друго не му е важно“.

Затоа и Американците не ретко се воодушевуваат на неговиот ритуал после секој натпревар. Групната прегратка со сопругата и неговите браќа, или неговите родители, кога се присутни во САД е негов ритуал. Така беше и синоќа по победата во четвртиот меч од финалната серија против Мајами…

Се вчитува...