ВИДЕО: За нас тешко без голманска поддршка – Галија правеше чуда на голот на Чешка

Чешка славеше со 27-25 против Македонија во второто коло на Европското првенство 2020, со што ги направи речиси невозможни нашите шанси за пласман во следната рунда натпревари.

А, клучната разлика на натпреварот овој пат беше на голманската позиција. Чешкиот голман Мартин Галија правеше вистински чуда на својот гол, одлучувачката алка за триумфот…

 

На спротивната страна Македонија стартуваше со Борко Ристевски, за разлика од првиот натпревар со Украина, Никола Митревски доби мала шанса во вториот дел но двајцата заедно имаа скромни вкупно шест одбрани.

Се вчитува...