Видете кој се врати: Камбек на Дурант по 552 дена пауза (видео)

Кевин Дурант ги одбележа синоќешните подготвителни натпревари од НБА-лигата, откако крилниот кошаркар конечно се врати на терените по 552 дена пауза.

„Суперстарот“ беше во аут по кинењето на тетивања во петтиот меч од финалето на НБА во 2019 година. Оттогаш тој си замина од Голден Стејт и потпиша за Бруклин, каде година и пол се чекаше Дурант да ги надмине здравствените проблеми и да заигра во дресот на „Нетс“.

Првиот потег на Дурант беше „ѕверски“, извонреден продор и атрактивно забивање, како најава дека овој кошаркар е максимално мотивиран за што поскоро да влезе во ритамот со кој царуваше на терените пред повредата.

Бруклин славеше на дуелот со Вашингтон со 119-114, Дурант постигна 15 поени за 24 минути игра, додека Кајри Ирвинг реализираше 18 поени за победничкиот тим.

Се вчитува...