Кристијан Виери постигнал бројни прекрасни погодоци во кариерата, но засекогаш ќе го памети оној против грчки ПАОК, кога од самата гол-аут линија, од вртење со левата нога успеа да ја смести топката во мрежата. Голот беше ремек-дело, но уште поважно за Виери беше што – за него како награда доби Ферари во вредност од 200.000 евра.
Пред натпреварот претседателот Хесус Хил им ветил на фудбалерите дека оној кој ќе постигне хет-трик против ПАОК ќе добие автомобил „Ферари 550 Маранело“.
„Дали се сеќавате каков гол постигнав на тој меч, речиси од корнер знаменцето? Целиот свет тогаш се воодушевуваше на погодокот, но никој не знаеше дека тој гол е вреден ‘Ферари’“, открива Виери.
Атлетико Мадрид триумфираше со 5-2 над ПАОК, а покрај хет-трикот на Виери стрелци за шпанскиот клуб беа уште и Лардин и Кико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА