Виктор Ангелов во нападот на Шкупи

Шкупи донесе квалитетно засилување за својот напад во самиот финиш од преодниот рок, потпишувајќи договор со Виктор Ангелов. Голгетерот кој беше предводник на нападот на младинската репрезентација што обезбеди пласман на ЕП во Полска повторно ќе биде дел од мак-фудбалот, откако вториот дел од ланската сезона го мина во дресот на Работнички.

Стручниот штаб на унгарски Ујпешт не смета на Ангелов, па дозволи тој повторно да се врати во татковината, овојпат како дел од амбициозниот проект на Шкупи.

Поради доцнење на документацијата тој нема да може да настапи за својот нов клуб на утрешното дерби со Шкендија, но се очекува да му биде на располагање на стручниот штаб за натпреварите по репрезентативната пауза.

Воедно, Шкупи потпиша тригодишен договор и со Нигериецот Онијебучи Еманунел Ифенаји, кој ќе остане дел од овој клуб до 2021 година, а нов член е и Ердон Даци.

Се вчитува...