Виктор Томас: Чувството е ужасно…

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Барселона очекуваше пласман во големото финале, но на патот на каталонскиот гигант застана Вардар. Затоа, неслучајно тмурна беше атмосферата во редовите на Барса на вечерашната прес-конференција во „Ланксес арена“.

„Честитки до Вардар и многу среќа во финалето. Ова беше израмнет натпревар, горд сум на мојот тим бидејќи дадовме се од себе. Утре ќе играме против Веспрем за третото место и ќе се обидеме да се покажеме во најдобро светло. Вардар заслужи да игра финале“ – изјави стратегот на каталонскиот гигант.

Капитенот на Барселона, Виктор Томас, не го криеше разочарувањето што оваа одлична сезона на кталонскиот гигант не беше крунисана со пласман во финалето.

Чувството е ужасно, многу лошо, цела сезона работевме напорно, а не стигнавме во финалето. Никој не очекуваше да бидеме први во таа силна група, но покажавме сила и карактер. Дојдовме во Келн полни со мотивација и самодоверба, знаевме дека ќе ни биде тешко против Вардар. Слободно можеме да кажеме дека дадовме се од себе за да ги победиме, но не успеавме. Честитки до Вардар, ние ќе се обидеме да стигнеме барем до третото место, за честа на нашиот клуб и за сите оние кои допатуваа од Барселона да ни дадат поддршка“ – изјави Виктор Томас.

Се вчитува...