Виктор Треневски: Мудроста, трпението и тактиката не однесоа до победа

Стратегот на Работнички, Виктор Треневски очекувано е презадоволен од големата победа на неговиот тим на дерби пресметката против Шкендија во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ славеа со 1-0 против Шкендија благодарение на голот на Душан Трајчевски во 24. минута. Треневски вели дека сите заслуги одат за неговите фудбалери кои одиграле тактички беспрекорно прецизно.

„Мора да им се честита на фудбалерите кои одиграа навистина беспрекорно кога е во прашање тактиката. На почетокот дозволивме Шкендија да направи шанси, но потоа се беше под наша контрола. Одигравме мудро, трпеливо и тактички одговорно. Не е воопшто лесно да се стигне до триумф против еден тим каков што е Шкендија, но играчите знаеја што сакаат. А, јас лично знаев дека не може да загубиме два едноподруго натпревари кои ги играме на нашиот стадион“ – рече Треневски по триумфот над тетовци.

Се вчитува...