Виктор Василевски и Стефан Бошкоски се нови имиња во ГРК Охрид

Ракометниот суперлигаш на Македонија, ГРК Охрид продолжува со потпишување на засилувања за следната сезона во домашниот шампионат. Денеска потпис на договор со клубот од Охрид ставија и Виктор Василевски и Стефан Бошкоски.

Василевски застанува на голот како кадетски и младински репрезентативец. Доаѓа од Голден Арт, а има настапувано во сите категории и за РК Металург. Бошкоски кој игра на центарската позиција доаѓа по одличните игри во Јехона во првата лига, а пред тоа има настапувано и за ГРК Гостивар.

Претходно за тимот од Охрид потпиша и Тоше Ончев, како и интернационалците Никола Грубиќ и Владимир Бојаниќ.

Се вчитува...