Виктор Велкоски од Вардар потпиша за албански Лачи

Македонскиот дефанзивец Виктор Велкоски својата кариера ја продолжува во еден од најдобрите албански клубови, Лачи.

25-годишниот Велкоски минатата сезона настапуваше за Вардар, но сега повторно се одлучува за интернационална кариера, со посредство на својот агент Горан Попов реализирајќи трансфер во ФЦ Лачи.

Централниот дефанзивец претходно во својата кариера во домашниот шампионат, покрај за Вардар, има настапи и за Работнички, Пелистер, Скопје и Победа, а во 2019 година настапуваше и за грчки Егиниакос.

Се вчитува...