Виландер: Новак нема слабости, ќе биде тешко да се победи во финалето

Поранешниот најдобар тенисер на светот, Матс Виландер, е импресиониран од начинот на кој Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралија опен. Српскиот тенисер во полуфиналето го совлада Аслан Карачев со максимален резултат. Новак се пласираше во деветтото финале на турнирот во Мелбурн, во кое ќе се обиде да стигне до деветтата титула.

Матс потенцираше дека Новак фасцинира со неговата физичка спремност, па тој не верува дека постои играч кој во овој момент може да му парира на Ѓоковиќ.

„Новак изгледаше одморено против Карачев, тој беше многу фокусиран. Не се забележува дека тој е повреден или имал било каква повреда. Во ниту еден момент не помислив дека е повреден пред неколку дена. Сега Ноле ја гледа целта и ќе биде тешко да се победи во недела, зошто оваа сезона речиси и да нема таков играч кој може да го победи. Ѓоковиќ нема слабости во неговата игра, тој добро сервира во клучните моменти. Доби неколку асови кога се соочи со брејк топки, таков Ѓоковиќ неможе да биде совладан, Ноле е најсилен тогаш кога мислите дека ќе загуби сет или меч топка“, рече Виландер.

Ривал на Ѓоковиќ во финалето ќе биде рускиот тенисер Данил Медведев.

Се вчитува...