Виландер удри по Мареј: Му одговорија Кореча и Кирјос

Матс Виландер смета дека Енди Мареј мора што побрзо да се откаже од тенисот. Шкотскиот тенисер беше елиминиран во првото коло на Ролан Гарос од Стен Вавринка со максимални 3-0 (6-1, 6-3 и 6-2) за еден час и триесет минути.

„Се грижам за Енди Мареј. Би сакал да ни каже зошто се уште е на теренот и зошто ни дава лажна надеж дека еден ден ќе се врати. Веќе некое време не растажува со неговата игра, а единствено прашање е зошто? Јас го направив истото, а не требаше. Тоа беше мојата најголема грешка. Мислам дека Мареј мора да престане да размислува дека може да игра како некогаш. Вака само им зема место на младите тенисери кои би добиле специјална покана место него“, изјави Виландер. 

Експресно сепак се огласија и оние кои имаат спортивставено мислење. Австралиецот, Ник Кирјос кој е голем пријател на Мареј веднаш му порача на Виландер за замолчи.

„Прочитав што напишал Виландер за Енди Мареј. Замолчи Матс! Никого не го интересира што зборуваш. Енди, колку и да останеш во тенисот секогаш ќе уживаме во твојата игра и во „зезањата“ надвор од него“ – напиша Кирјос.

Поддршка за Мареј дојде и од Алекс Кореча. Тој вели дека има разбирање за Мареј и оти смета дека е подобро да ја завршите кариерата една година подоцна отколу една година пред време.

„Мора да му се даде шанса да види дали ќе се чувствува подобро на теренот без разлика дали ќе освои повотрно грен-слем или не. Треба само да проба да ужива во остатокот од кариерата“ – вели Шпанецот.

 

Се вчитува...