Виљареал се спаси од пораз во 95. минута (ВИДЕО)

Виљареал и Кадиз одиграа драматичен меч кој заврши без победник 3:3. Кадиз може да жали за испуштените бодови, со оглед дека имаше водство од 1:3, и на крајот мораше да се задоволи со само еден бод.

Лозано ги постигна сите три гола за Кадиз. Најпрво во 14. минута  донесе водство од 0:1. Виљареал израмну преку Пау Торес во 43. минута, но Лозано во судиското надополнување од првиот дел донесе водство од 1:2. 

Делуваше дека Виљареал ќе тргне по победата во вториот дел, но Лозано уште еднаш ги шокираше домашните со гол во 52. минута.

Се чинеше дека Кадиз ќе дојде до голема победа, но фуриозен финиш на „жолтата подморница“. Диа во 80. минута успеа да намали, а потоа Данјума во 95. минута да донесе бод за домашните.

Претходно Еспањол и Атлетико Мадрид одиграа 1:1. Де Томас од пенал го доведе Еспањол во водство, а Вилијамс израмни.

Се вчитува...