Вилијамс ја најде замената за Расел

Алекс Албон се враќа во Формула 1 и следната сезона ќе биде дел од тимот на Вилијамс. Тој во Вилијамс доаѓа на местото на Џорџ Расел кој следната сезона ќе биде клупски колега на Луис Хамилтон во Мерцедес.

Албон последен пат во Формула 1 возеше во 2020 година кога беше дел од Ред Бул, а потоа беше префрлен во сестринската фирма Алфа Таури каде работеше како резервен возач.

 

Се вчитува...