Вилијан ги одби Јунајтед и Реал: Среќен сум во Челси

Бразилскиот интернационалец Вилијан нема намера да го напушти „Стемфорд бриџ“ ова лето, иако за него пристигнаа понуди од најдобрите европски клубови. Интерес покажаа Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, откако претходно опција беше и Барселона. Но, Вилијан вели дека му е одлично во Челси и дека има убав живот во Лондон, па нема намера да ја менува средината.

„Не, се враќам во Челси. Среќен сум во животот во Лондон“, изјави Вилијан за бразилскиот „Глобо Еспорте“.

Жозе Мурињо пристиска за да го добие Вилијан на „Олд Трафорд“, додека Реал Мадрид испрати понуда за да го купи во пакет заедно со голманот Тибо Куртоа.

Се вчитува...