Вилијан недојден го налути Сари

Маурицио Сари успеа да се избори Еден Азар да остане во Челси и во наредната сезона, но останува прашањето дали истото ќе биде случај и со Вилијан, кој веднаш го налути новиот стратег на лондонскиот клуб.

Имено, Бразилецот требаше уште пред два дена да се приклучи на подготовките на својот тим, но остана подолго во татковината поради проблеми со пасошот. Ваквиот развој на настаните следеше непосредно откако Реал Мадрид искажа сериозен интерес за да го доведе Вилијан на „Сантијаго Бернабеу“, што дополнително ги загрижува челниците на Челси.

Сари, кој поради доцниот потпис на договорот има проблеми да го воигра тимот за стартот на сезоната, не го крие незадоволството од ваквиот развој на настаните.

„Не можам да сум среќен, ниеден тренер на светот не би бил среќен кога би му се случило вакво нешто на десетина дена пред стартот на сезоната. Нормално е да сум разочаран, но нема да кажам ништо повеќе додека не се сретнам со фудбалерот и прво со него да дискутирам за оваа непријатна ситуација“ – истакна Сари.

Се вчитува...