Вилјареал е последниот патник во нокаут-фазата од Лигата на Шампионите

Вилјареал е последниот патник во нокаут-фазата од Лигата на Шампионите откако шпанскиот тим успеа да слави на гостувањето кај Аталанта со 2-3 во одложениот меч од шестото коло. Текот на мечот гостите го назначија уште во првото полувреме во кое стигнаа до предност од 0-2 преку Данџума и Капуа, а Данџума повторно стрелаше за 0-3 во 51. минута.

Домаќините успеа да ја вратат резултатската неизвеност со голвите на Малиновски и Запата во 71. односно 80. минута, но не успеаја и да донесат изедначување во Бергамо.

Се вчитува...