Вилјареал го доведе норвешкиот „викинг“ од Реал Сосиедад

Вилјареал успеа да доведе засилување за нападот откако експресно го комплетираше трансферот на Алекс Сорлот, норвешкиот голгетер кој последните две сезони ги мина во Реал Сосиедад.

Тој беше во Сан Себастијан на позајмица од Лајпциг, најавите велеа дека Реал Сосиедад летово ќе го откупи неговиот договор, па затоа големо изненадување е што „викингот“ вечерва заврши во Вилјареал. „Жолтата подморница“ ќе плати 10 милиони евра за овој транфер, а Сорлот ќе потпише петгодишен договор со новиот клуб.

Тој е првото засилување за нападот на Вилјареал летово, откако „жолтата подморница“ во последните неколку седмици ги продаде Џексон во Челси, Данјума се пресели во Евертон, а Чуквуезе е пред трансфер во Милан.

Се вчитува...