Вилјареал го отпушти тренерот

Шпанскиот прволигаш Вилјареал му даде отказ на тренерот Луис Гарсија Плаза. Раководството на клубот одлучи да ја раскине соработката со шефот на стручниот штаб по само 49 дена поради слабите резултати на тимот во изминатиот период. „Жолтата подморница“ се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Ла Лига и во зоната за испаѓање од елитата.

Вилјареал нема победа на последните девет натпревари во шпанскиот шампионат. Луис Гарсија Плаза е вториот тренер кој добива отказ оваа сезона од Вилјареал. Тој го наследи Хавиер Калјеха, но не се задржа долго на тренерската позиција во клубот.

 

 

 

Се вчитува...