Фудбалерите на Њукасл успеаја да се пласираат во осминафиналето во ФА купот откако вечерва во неверојатен натпревар славеа на гостувањето кај Бирмингем со 2-3.
Домаќините стигнаа до водство од 1-0 уште во првата минута со погодокот на Лерд. На 1-1 израмни Вилок во 21. минута, додека само пет минути подоцна Вилсон донесе целосен пресврт 1-2. До крајот на првиот дел беше 2-2 со погодокот на Ивата во 40.
Кога сите мислеа дека натпреварот ќе замине во продолженија, Вилок во 82. минута донесе победа од 2-3 за гостинскиот тим.
Birmingham 2 – [3] Newcastle – Joe Willock 83'
byu/dotuan211 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА