Вилшир донесе одлука – заминува од Арсенал

Џек Вилшир е подготвен да си замине од Арсенал откако јасно му било ставено до знаење да не се надева на улога на стандарден првотимец во наредната сезона. Англискиот играч за врска низ кариерата имаше бројни проблеми со повреди, но беше здрав во вториот дел од сезоната и многу често добиваше шанса од Арсен Венгер.

Сепак, новиот стратег Унаи Емери не смета сериозно на Вилшир, при што искрено му ставил до знаење на овој фудбалер дека ќе ја има улогата на резерва. Гранит Џака вчера потпиша нов договор и останува главен на позицијата последен играч за врска крај Арон Рамзи, Емери ќе донесе и најмалку едно засилување за средниот ред, па на Вилшир му е јасно дека ќе мора да си замине во потрага по првотимски фудбал.

Евертон и Вест хем веќе испратија понуди за услугите на овој играч кој станува слободен на 1 јули, со што сигурно ќе биде интересен и за уште неколку екипи, не само во Премиер-лигата туку и надвор од Англија.

Се вчитува...