ВИМБЛДОН: Елиминација за Кенин и Венус, победи на Плишкова, Мугуруза, Швјонтек, Сабалјенка, Азаренка…

Четвртата носителка на Вимблдон, Американката, Софија Кенин доживеа изненадувачка елиминација во второто коло, откако беше прегазена од сонародничката Медисон Бренгл со 2-0, по сетови 6-2 и 6-4. Елиминација во второто коло доживеа и легендарната Венус Вилијамс која беше поразена од Тунижанката, Онс Жабер со 2-0 (7-5 и 6-0).

Во следното коло се пласираа втората носителка Арина Сабалјенка која беше подобра од домашната тенисерка Кејти Бултер со 2-1 (4-6, 6-3 и 6-3), како и Ига Швјонтек, Викторија Азаренка и Гарбињ Мугуруза.

 

 

Се вчитува...