Линиските судии, препознатливи по нивните елегантни униформи, кошули поло Ралф Лорен, вратоврски, панталони, јакни и француски беретки, ќе бидат заменети со електронска контрола на линијата (ELC).
Британците се познати како „тврди“ традиционалисти во многу аспекти, а Вимблдон не е исклучок, туку едно од најголемите преостанати упоришта на спортската автохтоност на островот. Некои ќе речат архаични, бидејќи некои правила на Вимблдон заостануваат со времето, односно не го следат темпото на цивилизациски развој.
Како доказ за тоа, не треба да се оди подалеку од многу строгите правила на облекување, кои и до ден денес налагаат сите натпреварувачи да носат исклучиво бела спортска опрема за време на натпреварите. Дополнително, наведен е „типот“ на белата боја, односно не смее да биде „валкано бела“ или крем боја.
Затоа, она што ќе се случи оваа година во Ол Ингланд клубот може да се нарече целосна револуција. Имено, овогодинешниот гранд-слем на трева ќе биде првиот во 148-годишната историја на турнирот на кој нема да се користат линиски судии.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА